Шеесет и двегодишната гостиварка М.Ј. е најдена мртва во подрумските простории на семејната куќа на улицата „Белградска“ во Гостивар. Жената имала рани нанесени од остар предмет.
Полицијата информира дека за убиството е осомничен нејзиниот сопруг, кој во моментот е на распит во полициската станица – Гостивар.
Случајот во полиција бил пријавен попладнево околу 18 часот и екипа на крим техника и јавен обвинител врши увид.
Засега нема официјални потврди кои биле мотивите за убиството и како е извршено.