Еден од напаѓачите во вчерашниот инцидентот во Охрид е приведен, а полицијата се уште трага по убиецот, за кој неофицијллно се говори дека е 30-годишниот охриѓанец Б.П.
Како што објави „Охрид нет“, охриѓанецот кој се сомничи дека е сторител на двојното убиство неодамна излегол од холандски затвор каде издржувал казна затвор за трговија со дрога.
Тој вчера по претходна расправија со пиштол ги усмрти 56-годишниот сопственик на угостителскиот објект „Император“ Васил Ристески и 38-годишниот Ромео Ѓузлеовски двајцата од Охрид.
Васил Ристески, беше директор на угостителскиот објект „Император“.Тој беше и независен кандидат за градоначалник на последните локални избори во Охрид, пoдржан од СДУ.
Ѓузловски со години живеел во Холандија и според претпоставките тој се познавал со убиецот.Најверојатно тој бил метата на убиецот.
Неофицијално, Ристески бил смртно погоден кога станал од масата да го одбрани Ромео.