Проверувајте си ги децата – наместо екстази на техно журките земаат анестетик за коњи


Анестетикот за коњи, односно лекот познат како „кетамин“, с` повеќе го користат зависниците на техножуровите во регионов, а особено во Хрватска каде што летово полицијата запленила поголеми количества од оваа дрога.

Ketamine1„Kетаминот“ или „витаминот K“ се користи за лекување коњи, а на луѓето им се дава во екстремни случаи, па е забранет за продажба. Слично како и другите модерни синтетички дроги, и „кетаминот“ се продава како „екстази“, иако има сосема поинакви својства. Освен „кетаминот“, на наркопазарот с` почесто е присутна и дизајнерската дрога „метоксетамин“, кој е хемиски сличен на „кетаминот“, а кој се продава во Европа од 2010 година од кога се евидентирани дваесетина смртоносни предозирања, пренесува Дневник.

Од МВР велат дека во земјава нема заплена на овие дроги, но дека постојано се следат случувањата во регионов во однос на појавата на нови дроги.

– Исто како и повеќето нови синтетички дроги, и „кетаминот“ се продава во форма на таблети како „екстази“, што ги доведува зависниците во заблуда.

brazil diskoТие мислат дека земаат „екстази“, кое има сосема спротивни ефекти. Kај „кетаминот“ најлошо е што корисниците мислат дека тој не создава зависност, што не е точно. Бидејќи во организмот многу брзо се јавува толеранција на дрогата, корисниците мора да земаат с` поголеми дози за да ги доживеат очекуваните ефекти – велат инспектори од секторот за недозволена трговија со дрога.

Според нив, кај корисниците на „кетамин“ се јавуваат крв во урината и силни болки во стомакот, а зависноста предизвикува и оштетувања на мочниот меур и на бубрезите.

Предозираноста, пак, може да предизвика срцев или мозочен удар.

Од хрватската полиција, пак, велат дека дилерите годинава се обидуваат да ја пробијат дрогата на пазарот, па „кетаминот“, освен кај домашни, бил запленет кај државјани и на други членки на ЕУ.

lek za konji drogaСпоред податоците на хрватското МВР, полицијата во јули годинава запленила многу повеќе дрога отколку истиот период лани. Освен амфетамините, марихуаната и „екстазито“, зависниците с` почесто користат „кетамин“.

„Специјалното K“, како ја нарекуваат дрогата, е с` попопуларна меѓу младите и богатите во Хрватска. Најчесто се продава во форма на прав што се шмрка, а грам од дрогата се продава за 200 куни или околу 26 евра.

„Витаминот K“ пред неколку децении беше популарна дрога во Америка, особено во Холивуд, но сега с` повеќе се појавува во Европа и на Балканот. Пред Хрватска, дрогата од почетокот на годинава е откриена и во Словенија.

„Kетаминот“ има халуциногени својства слични на ЛСД, па затоа се користи на технозабави. Достапен е во течна форма за инјектирање, во прав кој може да се шмрка, но најчесто е во форма на таблета која се продава како „екстази“.

ketamin za konji„Kетаминот“ како дрога за журови почна да се користи во Велика Британија во отсуство или поради лошиот квалитет на „екстазито“. Сепак, „кетаминот“ може да предизвика на подиумот спротивен ефект од очекуваниот – силна психоделичност, неможност за движење и вкочанетост.

Во однос на дрогата, карактеристично е што ефектите брзо се појавуваат и исчезнуваат, па така и расположението се менува брзо. Дрогата почнува да дејствува за десет минути, а во зависност како се користи, халуцинациите траат од еден до два и повеќе часа. Особено е опасен кај неискусните зависници, кои очекуваат ефекти исти како кај „екстазито“, но нив ги нема. Тогаш добиваат напади на паника кои во комбинација со анестетските ефекти доведуваат до незгоди и падови. Истите може да бидат посериозни, особено што корисникот на дрогата не е свесен што му се случува, односно не ги чувствува последиците.

mozok ketaminВо војната во Виетнам користен наместо морфиумот

„Kетаминот“ како лек бил развиен во САД во 1962 година. Kарактеристично за дрогата е што кај корисникот се јавува чувство, односно си мисли дека свеста му е одделена од телото, односно има своевидна парализа. Овој ефект е познат како „K-дупка“, придружен со аудио и визуелни халуцинации.

Токму затоа американските лекари го користеле во војната во Виетнам кога требало да се изврши итна ампутација без примена на општа анестезија. Иако се користи за лекување коњи, на луѓето им се дава само во екстремни случаи кога морфиумот нема ефект. „Kетаминот“ има многу нуспојави, од кои најчеста е психозата, па е забранет за продажба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1