Убиство во Скопје: Тинејџер прободен во срце -син на познат македонски новинар


Деветнаесет годишниот Леард А. вчера бил донесен починат во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Тој бил прободен со нож во пределот на срцето. Во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет, пишува Пресс24.policiska-lenta

Докторите не можеле да сторат многу. Се обиделе да го реанимираат, но Леард веќе бил починат.

Леард и уште едно лице со повреди од остар предмет, најверојатно нож, вчера вечерта биле донесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ околу 19 часот. Еден час подоцна полицијата добила информација дека едно од лицата, кое нофицијално имало убодна рана во пределот на срцето, им подлегнало на истите.

Вториот повреден, по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Дел од медиумите пишуваат дека инцидентот се случил на Бит Пазар.

Неофицијално, пишува порталот, убиениот Леард е син на познат македонски новинар кој работел во спортското новинарство.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1