Во престрелка на улица Лазо Трповски што се случи , кај маркетот „Принц“ во скопски Чаир е убиен Исмет Арифи од Скопје, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, дознава Плусинфо од полициски извори. Мотивот за убиството засега не е познат.
Убиецот е во бегство. Се знае дека во жртвите е пукано од автоматско оружје. Екипи МВР започнале потрага по убиецот, а во тек е детална истрага за овој немил настан.
Тв Шења