Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро – се враќа на почеток


Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година се враќа на почеток.

Ваква одлука донесе Врховниот суд на земјава. Оттаму информираа дека жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување.

Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати од почеток поради пропусти во истрагата, поврзани со вештачењето и со прислушуваните материјали кои ги има СЈО. Во овој случај, шестмина беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1