Бошкоски: Во затворот ме принудуваа да пијам големи дози на седативи


Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека додека бил во истражниот затвор „Скопје“ на некој начин го дрогирале со седативи, односно го принудувале да пие таблети за смирување.

– Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги пијам таблети од кои се созадава зависност. Ми даваа седативи кои ги надминуваат нормалните дози. Во целиот процес бев само физички присутен, ако ме видите на снимките од процесот таму е некој друг Љубе – рече Бошкоски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1