Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за вчерашната престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.
-Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството. Надлежниот обвинител издаде наредби за вршење обдукција, за вештачење на оружјето , на видео записи и траги од местото на настанот, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.
-Обвинителството ја заврши и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведуваше преку меѓународна правна помош. Преку меѓународна правна помош е започната и процедурата за екстрадиција на едно од осомничените лица, како и постапка за собирање на докази во предметот. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се вели во соопштението од ЈО.
Надлежното обвинителство продолжува континуирано со преземање на дејствија и мерки со цел утврдување на факти во предметот и на кривичната одговорност на сторителите. Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.