Еден од најголемите скандали во историјата на Британија се спрема да експлодира. Видео од две дечиња кои ги споделуваат своите искуства на константна сексуална злоупотреба и ритуално убивање на бебиња од страна на софистицирана група на педофили се шири вирално на нет.
А таму, некој упорно пробува да ја заташка ситуацијата. Меѓу злоставувачите се таткото на децата, наставниците од училиштето во кое одат, социјалните служби и членови на полицијата. Сите членови од групата се на слобода и се обидуваат да ги сокријат информациите.
Реалноста на организираниот сатанизам и педофилски групи со години е разнишувана од страна на преживеани жртви и кртови, а сегашниот случај е откриен од страна на 8-годишниот Габриел и 9-годишната Алиса.
„Тато ја лаже мама. Не не гледа само во сабота. Не гледа секој ден во школо каде што ни прават секс“.
Тоа е изјавата на Алиса за нејзиниот татко откако открила дека и таа и брат и Габриел биле сексуално злоупотребувани од рана возраст. Мајка им имала историја на домашно насилство со таткото, но никогаш тој не очекувала нивните деца да го идентификуваат како водач на сатанистички култ што злоупотребува деца.
Мајката долго време забележувала знаци на несреќа, потиснат гнев и стрес во децата но никогаш не се сомневала дека причината е волку грозоморна. Во август минатата година децата и ја кажале вистината, по што мајката веднаш го пријавила случајот. Биле извршени медицински прегледи врз децата кои потврдиле дека станува збор за сексуална злоупотреба и насилство, но една недела по пријавувањето на случајот, децата биле одземени од мајката и сите обвиненија биле повлечени. И покрај очигледните физички докази за злоупотреба, случајот бил отфрлен. Властите не ги враќаат децата кај мајката, и покрај тоа што децата тврдат дека таткото постојано им се заканувал дека ќе ги убие ако кажат нешто.
Наводно, објаснувањето понудено од властите е дека децата ја измислиле приказната според филмот „Маската на Зоро“. Зад грбот на мајката веќе се случуваат приватни средби меѓу локалните власти и одговорниот судија, што укажува на можни задни намери. Оттогаш, мајката има објавено имиња, адреси, телефонски броеви и конкретни детали на вмешаните. Клик тука за детални информации. Многу се дебатира дали приказната е вистинска или измислена, меѓутоа според исказите на децата, тврдењата се вистински од следниве причини: Точно објаснување на искуствата, не се двоумеле да дадат повеќе детали, самостојно понудиле информации и лични мисли без постојана потреба од прашања, дополнителни детали и водење на разговорот, што докажува дека зборувале од сопствено сеќавање. Во продолжение се двете видеа од изјавите на децата. Предупредуваме, содржината е вознемирувачка.
pixel.mk/