Убивале, краделе и се сакале – Ова се вистинските Бони и Клајд (Фото)


Клајд Бароу и Бони Паркер се познатите заљубени криминалци, чие 21 месечно криминално беснеење ги доведе до пеколна смрт пред 80 години, односно на 23 мај 1934-та година.

140522222823-01-bonnie-clyde-horizontal-large-gallery-650x325Бони имала само 19 години кога го запознала Клајд, и иако претходно била омажена со осуден убиец, сепак, имала „чисто“ досие. Но, тоа се променило откако тие двајцата ги здружиле силите.

И покрај нивната романтична репутација, тие ограбиле огромен број на банки и бензиски станици во помалите градови ширум Америка. Дуото било познато по тоа што немилосрдно го убивало секој кој ќе им застане на патот, па така, познато е дека убиле најмалку 12 луѓе.

Нивните криминални активности го привлекле вниманието на ФБИ и другите органи, што ги втурнало во бегство во одалечената област Лузиана.

140522230343-05-bonnie-clide-horizontal-large-gallery140522225456-04-bonnie-clyde-horizontal-large-gallery

 

140522232554-11-bonnie-clyde-restricted-horizontal-large-galleryНо, полицијата им била зад петите, па така, утрото, на 23 мај 1934-та година, криејќи се во грмушките, полициските службеници ги пречекале во заседа.

Гледајќи дека се обидуваат да побегнат, полицијата отворила оган, испукувајќи 167 куршуми во автомобилот на Бони и Клајд, по што се верува дека биле усмртени веднаш.

Смртта на двојката се нашла на сите насловни страници ширум Америка. Нивните речиси 2 годишни криминални активности минале низ Тексас, Оклахома, Мисури, Луизијана, Арканзас, Канзас, Ајова и Илиноис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1