УБК ги губи ингеренциите. „големото уво“ се сели во независна агенција, конторолирана од пет институции


Јавниот обвинител во секое време ќе може да ги контролира инспекторите во новата Оперативна техничка агенција (ОТА) која ќе биде надлежна за прислушувањето во поединечни случаи. Прислушувањето од апсект на заштита на човековите права и злоупотреби, пак, ќе го контролираат пет институции, меѓу кои и нова институција – Совет на граѓани.

Министерството за внатрешни работи го подготви новиот закон за следење на комуникациите, кој неделава според најавите треба да влезе и во владина процедура. Заедно со овој закон, готови се и законот за формирање на новата агенција, како и измените на уште пет други закони поврзани со новата агенција и прислушувањето.

Со новиот закон, прислушувањето целосно се сели од ДБК која е во рамките на Министерството за внатрешни работи во ОТА, независна агенција која допрва треба да се формира. Операторите само технички ќе го спроведуваат сигналот. За евентуалните злоупотреби ќе одговараат со парична казна од 15 до 20 отсто од приходите.

Постапката за прислушување почнува кај јавниот обвинител кој од надлежен судија бара да му се издаде наредба за прислушување на одредено лице осомничено за криминал. Судијата на претходната постапка ја издава наредбата во рок од 48 часа. По исклучок може да даде и усна наредба за прислушување.

Ако се работи за прислушување за заштита на интересите на државата и одбраната наредбата за оваа истражна мерка ја издава судија на Врховниот суд.

Наредбата преку правосудната полиција се доставува до оперативците на ОТА кои пак, комуницираат со операторот.

Јавниот обвинител има право да изврши увид во прислушувањето во секој момент. Собраните податоци со прислушување се чуваат во судот.

Посебната агенција која ќе го преземе прислушувањето ќе ја раководи директор избран од Собранието на јавен оглас, а кој треба да има 10 години искуство во информатички технологии, право, безбедност или економија. Мандатот ќе му трае пет години без право на реизбор. Оперативците на ОТА освен освновната плата ќе добиваат и дополнителни 30 отсто како овластени службени лица и три додатоци.

Контролата врз работата на ОТА ќе прават пет институции и тоа Собранието, потоа Дирекцијата за класифицирани информации, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Народниот правобранител, но и Совет на граѓани. Собраниската констрола ќе се прави преку комисија составена од претседател од редот на опозицијата и четворица членови (по двајца власта и опозицијата). Оваа комисија ќе може да влезе во ОТА ненајвено и тоа минимум еднаш на три месеци.

Советот на граѓани, пак, ќе биде составен од 6 члена кои ги избира Собранието, од кои три од невладиниот сектор поврзан со заштита на човековите права и безбедноста. Овој совет ќе може да отвара постапки за контрола на ОТА по барање на граѓани.

Реформите се дел од итните реформиски приоритети дадени од еврокомесарот Хан, а по препораки од експертската група на Прибе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1