Петнаесет годишниот А.Е. ученик од техничкото училиште во Нови Пазар, по кавга, го избодел со нож својот соученик Ц.А. на час по музичко – пишува српски Блиц.
Пред да биде избоден, Ц.А. му удрил шлаканица на А.Е. а тој извадил нож и три пати го прободел во вратот и грбот!
Повредениот 16 годишник е веднаш пренесен во болница.
Лекарите изјавиле дека повредите на детето биле опасни по неговиот живот, поради што итно е опериран и сега се наоѓа во стабилна состојба.
15 годишниот напаѓач е уапсен.