Ученик од „Зеф Љуш Марку“ прободен со нож, напаѓачот во бегство


Ученик од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје е избоден со нож во инцидентот што се случил во дворот на училиштето, објави ТВ Нова.noz

Директорот Фарук Зеќири го потврди настанот, додавајќи дека инцидентот се случил околу 10 часот наутро по една расправија помеѓу двајца ученици, по која едниот од нив бил ранет со нож. Според директорот, оваа расправија се случила поради вербални навреди.

Нападнатиот ученик веднаш бил префрлен во Градската општа болница „8 Септември“. Од таму информираат дека ученикот се наоѓа надвор од животна опасност и по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот и соопштуваат дека напаѓачот се уште е во бегство. Како што соопштија, екипите на МВР се на терен и работат на целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1