Ученици затруени во скопско училиште, родителите на кавга кај директорката


Група родители денеска упаднаа во основното училиште ,,11Октомври” бидејќи им се затруле нивните деца. Група од дваесет ученици имале симптоми на труење. Родителите сметаат дека децата се затруени од водата и реата која се шири во училниците, пренесува Фактор.

Тие бараа објаснување од директорката Даниела Костадинова зошто проблемот со храната повторно се повторува.

Фактор.мк

Фактор.мк

,,Минатата година децата немаа храна два месеци, сега проблемот се повторува. Ветивте дека ќе го решите прашањето со водата и училниците. Зошто се уште чекаме на вас? Училиштето оваа година прославува годишнина, со што има да се гордее? “- и довикуваа родителите на директорката на ичилиштето.

Родителите  велат дека секоја година имаат мака со училиштето. Се пожалија дека веќе трета година нема вода во улилниците, па децата мора да ги користат тоалетите. Таму пак до вчера на дел од тоалетите немало ни врати.

Револтираните родители споменаа и дека децата немале ужинка, па оброците си ги носеле од дома. Во училниците пак било неподносливо топло и ужасна миризба.

Во училиштето се појави и министерот Никола Тодоров кој покажуваше какви апарати за испитување на воздухот биле поставени во училиштето. Тој рече дека водата ќе биде забранета за пиење се додека не се утврди причината за труењето.

Тој ги уверуваше родителите дека резултатите од водата ќе бидат готови за два дена.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1