Учениците од траектот кој потона се шегувале несвесни за ситуацијата: Ова е како „Титаник“


bjhjghkj

Во јавноста се појави видео на ученик од  потонатиот јужнокорејски траект кој во моментите кога бродот почнал да тоне децата се смееле и се шегувале, очигледно несвесни за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат. Станува збор за снимка од телефон на која момчето вели „Ова е забавно“, а негов другар му одговара „Ова е како Титаник“. Во моментите кога траектот почнува да се навалува и да се тресе, се слуша глас на еден ученик како вели „Сакам да излезам. Не сакам да умрам“. Во делот од снимката, во позадина се слуша како некои деца велат: „Ова изгледа како крај“, „Мамо, тато ве сакам“ и „Ова се слики кои треба да ги направиме како последен спомен“.

Су Хјон е еден од 250 ученици на бродот. По наоѓањето на неговото тело, на семејството му биле вратени неговите лични работи меѓу кои и мобилниот телефон.

Инаку на бродот за време на несреќата имаше 467 луѓе, најмногу ученици од средно училиште. Само 174 од нив ја преживејаа несреќата. Најголем број од членовите на екипажот 22 од 29 луѓе се живи, а капетанот Ли Јоон Сеок и уште 14 членови на екипажот се во протвор.

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1