Учесничка во реално шоу се самоубила пред камерите – се обесила во куќата


Учесничка на јужнокорејското реално шоу „Партнер“, кое се емитира на едно од најгледаните телевизиски куќи во оваа држава, извршила самоубиство додека биле вклучени камерите

rijalitiscУчесничката (29)  е пронајдена мртва во куќата на островот Јеј каде била сместена во текот на снимањето. Во прошталното писмо таа оставила порака дека не сака повеќе да живее.

Нејзината мајка изјавила дека ќерка и и рекла дека подобро да ја напушти Јужна Кореја, отколку да дозволи да биде емитирано шоуто на телевизијата поради начинот на која била претставена.

Таа се жалела на пријателите дека е отсликана како „трагична девојка“, затоа што во многу сцени била прикажувана како седи сама, за да се истакнат паровите учесници во шоуто.

Во шоуто учествуваат десет девојки и момчиња.

Емисијата која требало да биде на програмата во среда била откажана.

Организаторите на шоуто се извиниле за трагичниот настан но одбиле да преземат одговорност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1