Како што пренесуваат боснските медиуми, Алмир Хоџиќ е еден од најдобрите студенти на Правниот факултет во Бања Лука кој по завршувањето на студиите и покрај големиот успех не успеал да се вработи. Додека чека да си најде работа во струката, работи како сточар и земјоделец.
– “Знаев дека денес е тешко да се најде работа, но верував дека најдобрите студенти тоа го можат. Сите испити ги дадов на време. За време на студиите никогаш не сум паднал на испит. Секогаш им помагав на родителите во земјоделските работи кои беа извор на приходи за живот, но и за моето школување.Денеска работам и по 12 часа дневно на струка која нема врска со моето образование., рекол Алмир.
Тој вели дека , како и многу други млади луѓе размислува да ја напушти државата и да замине во странство .
“Многу често размислувам за тоа , бидејќи јас сум загрижен за иднината и текот на мојата правна кариера.
Набљудувајќи ја официјалната статистика од над половина милион невработени во Босна, јас никогаш не би сакал моето дете да е родено во оваа земја.
Сепак, и покрај се, верувам дека ќе најдам работа, барем привремено, “вели Алмир Хоџиќ, кој одлично зборува англиски, а за време на студиите добивал целосна стипендија од градот Приједор и Министерството за образование и култура .