Кој е во право: Ова семејство 66 години не плаќа струја – сега ги дале на суд


Семејството на Југослав Станисављевиќ од Лесковац од селото Долна Крањица не плаќаат електрична енергија од 1948. година!

Тие велат дека тоа е надомест за земјиштето отстапено на изградба на трафостаницата за три села . Првата сметка за струја им стигнала во 2004 година, и оттогаш долгот се зголемил на повеќе од 1,7 милиони динари, но Југослав Станисављевиќ нема намера да го плати.

474785_leskovac01epsstanisavljevici-od-1948-godine-nisu-placali-strujufoto-m-ivaovic_ffОд трафостаницата која е подигната во дворот на Станисављевиќ, со струја се снабдуваат над 2.500 жители во три села . Во меѓувреме Електродистрибија Лесковац повела судски постапки против Југослав и неговата мајка Гордана , а пред два дена инкасантите им ја исекле струјата и семејството со три деца е оставено во темница.

– Мојот покоен сопруг беше некако принуден да отстапи земјиште за трафостаница бидејќи со месеци го убедуваа на тоа, – вели Гордана Станисављевиќ .

– И доколку имало таков договор , па претпоставувам дека закупот завршил за 60 години, оцени Небојша Станковиќ од “Електродистрибуција” .

1.700.000 динари пораснал долгот од 2004. година, кога тие ја добиле првата сметка за електрична енергија. До тогаш , користеле струја бесплатно.

– Попрво ќе се качам на трафостаницата и ќе ги исечам сите жици и ќе ги оставам трите села во темница, отколку да плаќам за електрична енергија. Мислам дека Електродистрибуција Лесковац го прекрши договорот со кој тогашната влада постигнла согласност со мојот починат татко Светозар . Заради таа трафостаница растев во страв, а сега се плашат и моите деца – ја пренесува приказната за “Блиц” Југослав Станисављевиќ.

Портпаролот на ЕПС Небојша Станковиќ вели дека не постои писмен запис на договорот од 1948. година.

– Тужбата беше поднесена во 2010. година на долг од 1,6 милиони динари , а во последно време беа исклучени поради неплатени сметка на повеќе од 100.000 динари. Ние претпоставуваме дека договор постои , но тоа е тешко да се докаже – оценува Станковиќ, кој наведува дека оваа фамилија троши електрична енергија месечно за 10.000 динари.

Станисављевиќи на суд се повикуваат токму на тој договор.

– Чекаме експертиза. Проблемот е што не постои договор , бидејќи во тие години се договарале на постпартизански начин, изјавува член на семејството. Југослав вели дека, како екстремна мерка ќе бараат преместување на трафостаница.

– Нека се носат како знаат и каде сакаат, ние сакаме само мир, изјавува бесно Јгослав Станисављевиќ.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1