Шест годишно дете се удави во кумановско Никуштак откако го повлекла надојдена вода.
Според првичните информации до кои дојде Курир, 6-годишниот Алмир се движел со својот една година постар брат. Во еден момент сакале да преминат преку надојдената вода, во напливот на водата од ридот во близина ги повлекол двете деца.
Поголемото братче успеало да се спаси, додека 6-годишниот Алмир се удавил во надојдената вода. Седумгодишното дете е пренесено во болница каде му се извршени лекарски прегледи.
Од полицијата за Курир го потврдија случајот, а повеќе детали најавуваат по завршување на увидот.
Kurir.mk