До петок времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност, а викендот ќе има заладување на пад на температурите, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени.
Минималната температура ќе се спушти до три, а дневната макисмална ќе биде до 17 степени.