УХМР: Дува северен ветер кој создава навеви


Управата за хидрометеоролошки работи преку својата Фејсбук страна информира за моменталната состојба со временските услови.

Последните информации со кои располага УХМР се дека дува северен ветер кој создава снежни навеви.kamion sneg

Интензитетот на врнежите од снег е следен: Од Полошко и од Тетово кон Скопје, снегот е сосема намален, од Скопје кон Куманово останува поинтензивен само близу Куманово, а по стариот пат со ветер остануваат поинтензивни врнежи.

Куманово кон Крива Паланка и кон преминот кон Бугарија снегот намалува, но има ветер, Штип – Куманово – Кратово – Крива Паланка, намалува. Во делот Велес – Штип – Кочани – Македонска Каменица паѓа снег кој е намален во интензитетот.

Во источните делови од земјата и тоа повеќе северно од штипско насекаде има врнежи од снег.
Во централните делови јужно од Велес слаб снег со ветер.

Во останатите делови снегот во овие моменти е повремен и слаб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1