УХМР најавува нов температурен шок


ВРЕМЕТО УТРЕ: Значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови. Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во останатите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Т-мин. од 6 до 12, а т-макс. од 14 до 24 степени.dozd
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен северозападен ветер. Тeмпература: од 10 до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И во вторник ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северен ветер, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а во останатите делови ќе биде посончево. Од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата и со умерен јужен ветер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1