УХМР најавува нови временски неприлики


МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 5 Лазарополе, Маврово, 6 Крушево, 7 Берово, Тополчани, 8 Ѓуриште, Пожаране, 9 Охрид А., Прилеп, Претор, Кр. Паланка, 10 Битола, Охрид, 11 Дебар, Тетово, Куманово, 12 Штип, Струмица, Д. Капија, Виница, 13 Скопје, Скопје Петровец, 14 Гевгелија, 15 Дојран.oblaci sonce vreme mk

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот: 0 Охрид, 1 Виница, 2 Струмица, Ѓуриште, Гевгелија, Штип, 3 Дебар, 4 Скопје, 5 Дојран, 6 Д. Капија, 7 Маврово, Тетово, Берово, 8 Кр. Паланка, Претор, Куманово, 11 Прилеп, Лазарополе, 14 Пожаране, 15 Крушево, Битола, 19 Тополчани.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во западните делови од земјава врнежите ќе бидат пообилни. Во југозападните и јужните делови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува.Температурата ќе се движи во интервалот од 13 до 22 степена.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност, во западните делови променливо облачно, претпладне со повремен дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието повремено умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од четврток до сабота времето ќе биде стабилно со умерен до засилен јужен ветер и со значителен пораст на дневната температурата на воздухот, особено во петок и сабота. Многу топло се очекува да биде во јужните делови и вдолж Повардарието и температурата на повеќе места ќе достигне над 30 степени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1