УХМР најавува пеколен викенд, температури од 40 степени


Нов топол бран со постојан пораст на температурата која ќе достигне и до 40 степени ќе ја зафати земјава од викендов до вторник.

Температурата ќе се движи утре од 28 до 36, во сабота од 32 до 38, во недела од 33 до 39, понеделник од 34 до 40, вторник од 34 до 39 во среда од 27 до 35 степени. УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.

За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота во планинските подрачја.

Промена на времето се очекува од вторник кон крајот на денот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1