УХМР предупредува – доаѓа силно невреме


Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и југозападен правец, на места со брзина и од 70 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. UV=8.

Во Скопје температура до 34 °C.

НАЈАВА: Утре и во четврток, главно во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и појава на локален пороен дожд со грмежи. Врнежите повеќе се очекуваат во западните и северните делови од земјава. Утре ќе дува умерен, а во четврток засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура и во следните два дена ќе биде во опаѓање, а најсвежо ќе биде во четврток. Од петок ќе настапи стабилизација со повторен пораст на дневната температура на воздухот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1