Утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските региони и на север во Скопско.
Во понеделник ќе дува засилен ветер и повеќе нестабилно ќе е кон западот, со пороен дожд, грмежи и северен ветер.
Во вторник се очекува условите за нестабилност да се помали, а во среда и четврток да биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога времето ќе е за неколку степени посвежо.
Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а дневните температури од 18 до 32 степени.