УЈП и Алфи интервенирале во ресторанот на Камчев – прекинале дружба на елитно бизнис-политичко друштво


Според Либертас, на масата биле бизнисмените Орце Камчев и Минчо Јорданов и екс-премиерот Владо Бучковски, а ги повикале и бизнисменот Трифун Костовски и Светозар Јаневски. Со нив биле и директорот на МПМ, Срѓан Керим, како и професорот Љубомир Фрчкоски, тврди објавува порталот.

sushico-652„Гостите, заедно со газдата, пиеле виски и пушеле пури и заборавиле дека полноќ поминал и законски, ресторанот требе да биде затворен. Само 5 минути по полноќ, во ресторанот, тврди нашиот извор, влегла инспекторка и барала веднаш ресторанот да биде испразнет. На ова, според очевидецот, бурно изреагирал газдата Камчев, а Бучковски почнал да ѝ објаснува кој е тој и да има толеранција“ – пишува Либертас и додава дека кога инспекторката видела дека немаат намера да го напуштат ресторанот, по телефон повикала полиција и дошле две возила со Алфи.

Тие всушност, според Либертас, ѝ помогнале на инспекторката да се справи со ВИП-гостите, а додека траела рацијата, полицајци го блокирале и делот од улицата Аминта Трети каде што е ресторанот.

Сведокот тврди дека гостите веднаш искажале сомнеж дека инспекторката и полициските Алфи им биле поздрав од директорот на УБК Сашо Мијалков. Инцидентот го нема во полицискиот билтен, пишува Либертас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1