ВИДЕО: Жена падна под метро во Прага – ем преживеа, ем е без повреди


Mлада жена во Прага имала голема среќа, кога останала жива и без никакви повреди иако паднала во подземната железница токму во моментот кога поминувал возот.

praga metroНа снимката, од видеокамерите во подземното метро, се гледа како жената паѓа меѓу шините и останува таму да лежи кога доаѓа возот.

Сведоците на немилата случка, се изненадени кога меѓу два вагони наеднаш жената ја дига раката и ја извлекуваат нагоре.

– Таа застана на нозе, си ги исчисти пантолоните и си отиде, изјави портпаролката на полицијата, Ева Кропачова. Кропачова додаде дека жената одбила лекарска помош и не сакала да направи алкотест тврдејќи дека е само уморна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1