УЈП објави нова листа на должници – проверете дали сте на неа


Управата за јавни приходи на својата веб страница во петокот ја објави листа на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.ujp

На листата се имињата на физички лица и самостојни вршители на дејност на кои вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, како и на правни лица со долгови над 300.000 денари.

-Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2015 за долгови доспеани до 30.09.2014 и неплатени до 31.12.2014 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност иповисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка, објави УЈП.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци за долговите по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување, може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.

Листата на должници можете да ја погледнете ТУКА.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1