Жена на чело – Колинда Грабар Китаровиќ, првата хрватска претседателка


Колинда Грабар Китаровиќ на 11 јануари 2015 година стана првата претседателка на Хрватска. Таа на изборите го победи актуелниот претседател Иво Јосиповиќ.

Иво Јосиповиќ, кандидат на левиот центар и прв претседател на Хрватска кој не овои два мандати, го призна изборниот пораз и и честиташе на Колинда Грабар Китаровиќ, кандидатка на десниот центар, која стана четрвт шеф на хрватската држава од осамостојувањето.kolinda kitarovic

-Грабар Китаровиќ победи во демократска утакмица и затоа уште еднаш и честитам. Навистина разликата меѓу нас е многу мала но тоа е суштината на демократијата, рече Јосиповиќ.

Според резултатите на хрватската Државна изборна комисија според преборени 98 проценти од гласовите Грабар Китаровиќ доби 50,54 проценти, а Иво Јосиповиќ 49,46 проценти од гласовите.

Грабар до неодамна била помошник на главниот секретар на НАТО, поранешна министерка за надворешни работи и европска интеграција која ги почна преговорите со Европската унија (ЕУ).

Нејзните родители биле прилично аполитични, но нејзниот дедо бил партизан кој се борел против фашистите.

Нејзниот татко Бранко бил ловец, а таа како мала редовно со него одела на лов.

– Обожавав да одам во шума, посебно кога се криевме и ги гледавме животните. Татко ми пред мене никогаш не пукал во некое животно – изјави таа.

Но, татко и ја научил да ги следи трагите на животните, а подоцна и да пука од ловечка пушка.

Колинда имала голема поддршка од мајка и за школувањето. Таа ја форсирала да учи странски јазици.

Благодарение на книгите кои ги читала до доцна во ноќта, го променила погледот на светот, но и го усовршила литературниот јазик. Била одличен ученик, а најмногу сакала да учи историја и странски јазици. Последната година од гимназијата таа ја завршила во САД. По враќањето од САД се запишала да студира англиски и шпански јазик на филозофскиот факулет во Загреб. Сакала еден ден да работи во ОН а шпанскиот јазик е еден од официјалните јазици. Паралелно со студирањето давала приватни часови по англиски, преведувала, чувала деца.

Со сопругот се запознала во 1989 година, а во почетокот на промените во државата таа се зачленила во ХДЗ заедно со сопругот. Токму тој ја внел во политиката, бидејќи и тој и неговото семејство биле национално освестени.

Работејќи како преведувачка, во 1991 година нејзниот професор Анте Човиќ, кој бил многу задоволен од нејзините преводи за филозофските истражувања, ја побарал за секректарка, кога тој бил назначен за министер за наука, технологија и информатика.

Иво Санадер, кога станал заменик министер за надворешни рабори ја повикал во својот тим.

Нејзините белешки по средбите со дипломатите и преводите од тие разговори биле омилено четиво на тогашниот претседател Туѓман.

Во 1997 година станала дипломатска советничка во Отава, Канада, а потоа и советничка на министерот. Таа е добитничка и на Фулбрајтовата стипендија за меѓународни односи.

Во 2003 година била избрана за министерка за европски интеграци.

Позната е синтагмата која често ја повторува:

– Ако сакаш да го смениш светот, почни од себе. Почни нешто да работиш!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1