Укината дополнителната акциза за дизелот


Се укинува дополнителната акциза на дизел горивата – Од ноќеска на полноќ ќе бидат поевтини за два денари. Но бензините поскапуваат за половина денар. И покрај тоа што граѓаните ќе се растеретат од оваа давачка, ќе се соочат со нова – наскоро се очекува да се воведе и еколошката такса на нафтените деривати од 3,5 денари. Но од РКЕ уверуваат дека цените на дизелот во земјава и со оваа такса ќе бидат најниски во регионот.

Од РКЕ објаснуваат дека укинувањето на дополнителната давачка е проади тоа што просечната цена на дизелот на светските берзи скокна над 600 долари за тон и кога повторно ќе падне ќе се врати и дополнителната давачка. Анализите пак покажуваат дека цената на нафтата во иднина има тенденција да расте.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1