Апелација ја укина затворската казна од 7,5 години за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, која му беше досудена за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот, пишува во одлуката на апелација.
Второстепениот суд случајот го врати од почеток, и првото рочиште е закажано за 3 декември.