Катица Јанева уште е во филмот на „Чарлиевите ангели“, со овие зборови обвинителката Вилма Рускоска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет”. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.
Рускоска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во ,,Империја”) го пријавил случајот во Обвинителството за борба на против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.
Дел од завршните зборови на обвинителството во предметот „Рекет”, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милевски-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде овој му вели на Кичеец дека сметките на Камчев нема да бидат замрзнати.
– Нормално, ако му замрзнати сметките од каде ќе се врши исплатата, искоментира обвинителката Рускоска.
Исказот на сведокот, бизнисменот Томе Главчев, од Гевгелија, исто така беше опфатен во завршните зборови на обвинителството, делот каде што тој изјави пред судот дека бил скаран со обвинетата Катица Јанева, односно цена за рекламирање во 1ТВ, се покачила по неговиот притвор предложен од СЈО.
На денешното рочиште за првиот предмет во историјата на правосудството каде обвинет е и еден обвинител, обвинителката Рускоска, го наведе и исказот на новинарот на 1ТВ, Кристијан Баневски, кој пред суд рече дека кога го прашал обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, дали одреден бизнисмен го рекетират, тој му одговорил дека од нешто може да се живее.
Во дополнение на доказна постапка одбраната на Катица Јанева, достави доказ дека поднел приватна кривична тужба против лицето Бојан Јовановски, за неовластено снимање. Рускоска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и дека е вистина дека обвинетата Јанева, зела пари од обвинетиот Јовановски.
Таа исто потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, нема намера никого да штити.
– Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала аномозитет за Катица Јанева. Од почетокот сум ја подржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, аномозитотот за Јанева, почна по истражна постапка за овој предмет, рече Рускоска.
И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови која, според Рускоска, таа завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.
Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната.
sitel.mk