Секретарот на македонската амбасада во Русија стана жртва на кражба. Од неговиот автомобил непознати лица ја украле регистарската табличка. Секретарот во амбасадата на 6 април открил дека му недостасува регистарска табличка на неговиот „Фолксваген Голф“.
Жртвата на кражбата веќе се обрати во локалната руска полиција за повторно издавање на регистарската табличка.
Казната за кражба на регистарски таблички во Русија изнесува две години затвор.
Руска Реч