Украдени три автомобили, едно лице прободено со нож


Три автомобили, два во Скопје и еден во Струга се украде, а во една од кражбите едно лице е прободено со нож.

Во Струга, 28-годишен маж заедно со уште едно лице И.М се возеле со „БМВ“ сопственост на неговата сестра. Кога го паркирале автомобилот, И.М. ненадејно со нож го прободел по 28-годишникот на десната страна од грбот, со јаже му ги врзал нозете и со автомобилот заминал во непознат правец. По дваесетина минути, ранетиот успеал да се одврзе и да побара лекарска помош во Медицинскиот центар во Струга.

Другите два случи на одземени возила полицијата ги регистрирала во Скопје. 75-годишен маж пријавил дека вчера утрото му било украдено „пежото“ од булеварот Јане Сандански во Аеродром.

Во Карпош, пак, на улица Јуриј Гагарин ноќта помеѓу петокот и саботата бил украдено „Рено Клио“ во сопственост на 42-годишен скопјанец.

Полицијата, за сите три случаи информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случаите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1