Украинска пратеничка: Добри вести 10 непријатели се убиени денес!


Најмалку 10 луѓе биле „уништени“ на еден контролен пункт кој поддржувачите на федерализацијата на Украина го подигнале во Доњецката област, изјавила пратеничката на украинската партија Баткившчина Лесја Оробец, пренесуваат украинските новински агенции.

ukraina pratenicka„Ова се добри вести. Постојат групи луѓе што сакаат да бидат поданици на Путин и кои се борат. Барем десет непријатели се убиени денес. Три независни извори тврдат дека непознати лица почнале да пукаат, и ги убиле непријателите“, напишала Оробец на Фејсбук.

Првиот баталјон на украинската Национална гарда бил испратен на „фронтот“ на истокот на земјата, изјавил денес генералниот секретар на Советот за национална безбедност Андриј Парубиј.

Баталјонот бил формиран од доброволци од единиците за самоодбрана на Мајдан, киевскиот плоштад каде почнаа демонстрациите со кои во февруари беше симнат од власт прорускиот режим на претседателот Виктор Јанукович

„Војниците се расположени за борба и спремни да ја бранат Украина. Ситуацијата не е едноставна“, напишал Парубиј на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1