Украл комбе – арно ама внатре имало 12 мртви тела


Од паркинг во близина на мотел во Берлин, за сега непознат крадец украл комбе кое припаѓало на крематориум, а во него имало 12 мртви тела, соопшти германската полиција.

Возачот застанал крај мотелот за да оди во тоалет, а кога се вратил комбето веќе го немало.

Полицијата информира дека истовремено од истиот паркинг се украдени уште 2 патнички комбиња. Се претпоставува дека крадците не знаеле дека во комбето има ковчези со покојници.

Се претпоставува дека комбињата се префрлени во источна Европа, бидејќи едно од украдените возила е најдено во Полска, пренесува DPA

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1