Украл телефон – препишал 1000 контакти и му ги пратил на сопственикот (Фото)


Кинескиот крадец ги препиша броевите од украдениот Ајфон и му ги врати на сопственикот сите контакти кои ги запиша на 11 страни.

Се претпоставува дека на Жу Бин му бил украден телефонот додека се возел во такси со уште еден патник. Жу имал речиси 1.000 броеви во контакти, но немал резервна копија па се загрижи повеќе за именикот отколку за телефонот.

tel500– Знам дека ти си оној кој седеше до мене во такси. Гарантирам дека ќе те најдам. Погледни ги контактите во мојот мобилен телефон и ќе сфатиш со што се занимавам, напиша Жу во СМС пораката која ја прати на бројот на украдениот телефон.

Жу работи во угостителска индустрија, која во Кина најчесто се поврзува со банди, а со оглед на тоа дека неговата порака беше заканувачка, крадецот одлучи да му излезе во пресрет. Неколку дена подоцна на Жу му стигна писмо со сим картичка и 11 страни на кои беа испишани телефонските броеви од именикот на украдениот телефон.

Жу вели дека се шокирал и претпоставува дека раката на крадецот му е отечена од препишувањето на броевите, имињата и останатите податоци. Еден корисник на Weiboa, кинеска верзија на Твитер, напиша: „Мошне симпатичен и совесен крадец, еден од оние кои почитуваат професионална етика“.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1