Украле починат пациент сосе кревет од Инфективна во Струмица – креветот го вратиле


Утринава од амбулантата на Инфективното одделение во болницата во Струмица е украден починат пациент. Директорот на болницата Наќе Гогов кажа дека 49-годишен пациент од Струмица утрово околу 9 часот бил хоспитализиран во инфективната амбуланта со зголемена температура, висок крвен притисок и малаксаност и починал за кусо време.

Веднаш потоа, неговите најблиски, со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома

Вработените во болницата не можеле да направат ништо, бидејќи се работело за поголема толпа и не сакале да предизвикаат инцидент, но случајот е пријавен во полиција.

Креветот на кој лежел починат пациент и кој го украле роднини од инфективната амбулната во Струмица, е вратен во болницата, потврди Наќе Гогов, директор на болницата каде што утринава се случувала вистинска драма.

Видеото кое го објави ТВ канал ВИС Струмица, погледнете го во продолжение, или ТУКА.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1