Фотографиите со морското чудовиште кое јапонскиот риба го извлече од Тихиот океан ги преплави социјалните мрежи и покренаа голем број расправии.
Имено, се работи за голем примерок на волкриба која е уловена недалеку од островот Хокаидо.
Просечна риба од видот „Anarhichas orientalis“ расте до должина од 112 сантиметри и тешка е 15 килограми, а ова толку многу отскокнува од просекот што некои веќе почнаа да претпоставуват дека тоа е најверојатно резултат од повеќегодишата изложеност на радијација од Фукушима.
Тоа се само претпоставки, а рибарот Хироши Хирасаки се појави на Твитер дека ова му е веќе втор ваков лов во последните три месеци.
Овој чудовишен пример на крајот најверојатно ќе заврши во тенџере или во рерна со оглед на тоа дека животот Хирашаки го посветил на лов на необични видови и нивната подготовка. Тој дури и објавил книгата „Егзотични видови риба: Ги уловив и се обидов да ги јадам“.