Асад почна масовни воздушни напади врз ИСИС со новото руско оружје (ВИДЕО)


Сириската војска од вчера до денес изведе најмалку 25 воздушни напади на позициите на терористичката организација, таканаречената Исламска држава на територијата на Палмира.

Опозициски извори од Сирија за западните медиуми потврдија дека деновиве сириските воздушни сили ги извршиле едни од најжестоките напади на позициите на Исламската држава досега.sirija avion rusija

Исламската држава пред неколку месеци го зазеде градот Палмира како и околниот антички древен град кој во најголем дел го срушија извршувајќи страшен културен геноцид не само на сириското, туку и на светското културно наследство.

Сириската војска започна со жестоки напади на позициите на Исламската држава само неколку дена подоцна откако неименувани сириски извори потврдија дека од Русија пристигнало ново воздушно и копнено вооружување наменето за безбедносните сили на Сирија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1