Српски мафијаш изрешетан во теретана – полицијата шокирана од снимките (Фото)


Можниот мотив за убиство на Драган Перовиќ Пета (48) е одмаздата за ликвидација на главниот ривал  на кланот на Јотка – Горан Обрадовиќ Суша, пишува Блиц.

Одмаздата за убиството на Обрадовиќ е првиот можен мотив. Особено што сега е и годишнината на неговото убиство.peta2

Обрадовиќ е убиен на 28 септември минатата година. Изрешетан е осум куршуми. Неговите убијци не се најдени, но се претпоставува дека тоа го сторил некој од кланот на Јотка. Сега, по се изгледа, следеше одмаздата, велат во полицијата.

Полицијата ниту последниве денови немала информација дека во подземјето се планира злосторство.

-Доколку е, како што сега се претпоставува, во прашање одмазда за убиство на Обрадовиќ, тоа е направена во најголема тајност. И мал број на луѓе знаеле за тоа, само оние кои директно биле вклучени во злосторството, што значи дека тешко ќе се дојде до сведок кој би можел да помогне во расветлување на случајот, велат во полицијата.

Убиениот Петровиќ, попознат како генералот на Јотка, бил главен соработник на Зоран Јотиќ, осудениот водач на крушевачкиот клан.

Обрадовиќ бил нивен главен ривал во градското подземје.peta5

-Судирот на двата клана најверојатно донесе до убиство на Обрадовиќ, бидејќи на луѓето на  Јотка им пречело неговото се повисоко позиционирање и засилување на моќта. Обрадовиќ е убиен, а сега Петровиќ најверојатно го уби некој од неговата екипа. Некој сакаше да го одмазди Суша, но и да покаже дека неговиот клан не исчезнал, велат во полицијата.

Петровиќ е убиен во четвртокот, во теретаната  на хотелот “Голф“  во која бил со неговиот тренер. Маскираниот убиец испукал шест  куршуми, а потоа излегол од хотелот и избегал.

-Прегледани се  снимки од хотелот и снимките од улицата Гаврило Принцип, преку која убиецот дошол и заминал. Интересно е дека на ниту една снимка не се гледа дека имал соучесници, некој кој го чекал во автомобил. Тој дошол и заминал сам, а очигледно е дека бил упатен во движењето на Петровиќ, вели извор од МВР.

Обдукција на телото на Петровиќ е правена вчера, а резултатите во текот на денот ќе и бидат познати на полицијата.

Петровиќ ќе биде погребан денес на Новите гробишта во Крушевац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1