Умрел на гласачко место во Нови Сад: Го уфрлил ливчето во кутијата и починал


Како што јавува РТВ, 87 годишниот Славко.С отишол да гласа и починал на избирачкото место.

policija srbijaОколу 8 часот и 30 минути, му се слошило на избирачко место во Нови Сад веднаш откако гласал и го уфрлил ливчето во гласачката кутија тој паднал а членовите на комисијата се обиделе да му помогнат но без успех.

Брзата помош која стигнала на местото, само констатирала смрт, а избирачкото место 183 во моментов е затворено.

Соседите на Славко велат дека живеел сам но цел живот работел со млади и сакал да им помогне да имаат поубав живот. Беше стара школа која ги почитува законите и за кого гласањето и изборите се свечен чин. И замина да гласа уште рано наутро, но ете не дочека, велат неговите соседи.

Србија денеска на вонредни избори, го избира новиот состав на републичкиот парламент. Право на глас имаат 6.765.988 граѓани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1