Сара девет месеци била на листа на чекање за двете белодробни крила. Секој ден живеела со надеж дека ќе и заѕвони телефонот и дека ќе и соопштат дека и пронашле донатор.
Иако храбро се борела, учестувала и на маратони за да се соберат пари за лекување на други луѓе, нејзината здравствената состојба и била се полоша.
На крајот не можела да стане од постела и е префрлена во болница каде кон крајот на септември починала.
Тогаш нејзиниот сопруг открил дека неговата жена би сакала да не ја одржуваат во живот на апарати и дека сакала да ги поклони своите органи.
Нејзините два бубрега се донирани на две млади жени кои биле неколку години на дијализа, а црниот дроб на 50 годишен маж.
Нејзиното семејство сака да се чуе нејзината приказна како би се подигнала свеста за донирање органи во светот.
Во Англија минатата година се направени само 138 трансплантации, додека годишно се прават близу 2.000 илјади трансплантации на бубрези.