Унгарија повторно одбива да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, соопшти Министерството за правда.
Последната екстрадиција Министерството за правда ја бараше во врска со случувањата и упадот во Собранието на 27 април.
„Примено е известување дека врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Н.Г. бидејќи, на негово барање, одобрен му е азил во Унгарија. Согласно акт бр. XXXVIII за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е даден азил нема да се екстрадира во државата од која избегало. Затоа, министерот за правда го одбива барањето за екстрадиција“, велат од Министерството за правда.
Македонското министерство за правда бараше екстрадиција на Груевски во два наврати. Еднаш, како за осудено лице во случајот „Тенк“, а вториот пат како осомничено лице за 27 април.