УНГАРИЈА ЌЕ ПРАТИ 30 ПОЛИЦАЈЦИ ДА ЈА ЧУВААТ МАКЕДОНСКАТА ГРАНИЦА ОД ИЛЕГАЛНИ ПОМИНУВАЊА


Унгарија ќе прати полициски контингент со 30 полицајци во Македонија за да се зајакне заштитата на границата од илегални минувања на мигранти, соопшти унгарското МВР. Оваа вест беше соопштена вчера, пишува СДК.МК

Според унгарската полиција, контингентот ќе патролира на македонско-грчката и македонско-бугарската граница, а опремен е со теренски возила, уреди за ноќно гледање, рачни термални камери, заради откривање и спречување на илегални преминувања и спречување трговија со луѓе и шверцување нелегални мигранти. Ист таков унгарски контингент со 15 полицајци ќе биде испратен и во Србија.

извор – сдк.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1