Унгарија целосно ја постави оградата на границата со Хрватска во должина од 41 километар, со цел да спречи илегален влез на бегалци во земјата, соопшти денеска Министерството за одбрана.
– Заштитната ограда е комплетирана синоќа, изјави претставник на Министерството Атила Ковач.
Останатите 330 километри од границата меѓу Унгарија и Хрватска се долж реката Драва, која е тешко да се премине.