Унгарската полиција употреби солзавец и водени топови против бегалците кои се пробиле преку бодликавата жица на граничниот премин со Србија. Полицијата се обидела да ја контролира толпата, која фрлала пластични шишиња, камења и парчиња бетон кон нив.
Унгарската полиција за Ројтерс рече дека неколку „агресивни“ луѓе успеале да се пробијат на граничниот премин.
Инцидентот се случил на преминот меѓу унгарскиот град Реске и Хоргош во Србија, една од главните погранични премини кон ЕУ.
Неколку луѓе добиле итна медицинска помош од српските амбулантни возила. Повеќето настрадале од солзавецот, но наводно една жена почнала да се пораѓа за време на судирот, а на едно момче му била раскрвавена ногата.