Унгарската полиција употреби солзавец и водени топови против бегалците (Видео +Фото)


Унгарската полиција употреби солзавец и водени топови против бегалците кои се пробиле преку бодликавата жица на граничниот премин со Србија. Полицијата се обидела да ја контролира толпата, која фрлала пластични шишиња, камења и парчиња бетон кон нив.e7225b830188e5de094ae79fb006b6d4

Унгарската полиција за Ројтерс рече дека неколку „агресивни“ луѓе успеале да се пробијат на граничниот премин.

Инцидентот се случил на преминот меѓу унгарскиот град Реске и Хоргош во Србија, една од главните погранични премини кон ЕУ.

Неколку луѓе добиле итна медицинска помош од српските амбулантни возила. Повеќето настрадале од солзавецот, но наводно една жена почнала да се пораѓа за време на судирот, а на едно момче му била раскрвавена ногата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1