Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) очекува во Македонија дневно да пристигнуваат по околу 3.000 мигранти, соопшти неговата портпаролка Мелиса Флеминг.
– Не очекуваме да запре приливот на луѓе во наредните месеци, имајќи предвид дека продолжуваат насилствата во Сирија и во Ирак, како и влошувањето на условите за бегалците во Турција, Јордан и Либан, рече Флеминг.
УНХЦР бара поголем ангажман на ЕУ и сите земји членки да гарантираат „праведна распределба“ на мигрантите. Европа, како што наведе Флеминг, може да се справи со мигрантската криза ако бидат преземени соодветни мерки.